Македонија

Македонија ќе отвори генерален конзулат во Корча

Исполнето барањето на Македонците во Албанија од 2013 година при посетата на тогашниот македонски претседател Иванов

На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата на денешната 97. седница донесе одлука за отворање генерален конзулат на Република Македонија во албанскиот град Корча со јурисдикција во целиот регион.

Со тоа ќе биде исполнето барањето од претставници на Македонците во Албанија упатено уште во 2013 година на средбата во Поградец со тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов.

„Од посебно значење е во Корча да има македонски конзулат, зашто е административен град на Префектурата Корча која опфаќа население од околу 220.000 жители и четири поголеми градови Корча, Поградец, Билишта и Ерсека. Под Корча спаѓаат и Мала Преспа, и селото Врбник во Деволската област, и повеќе други села населени со Македонци на границата со Македонија. Овој конзулат ќе одржува поблиски контакти со македонското население во овој регион, кое е под удар на грчката и на бугарската пропаганда“, изјави тогаш Васил Стерјовски, денес претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и прв Македонец пратеник во Парламентот на Албанија.

Конзулатот во Корча треба да ја има неопходната администрација на чело со конзул кој ќе има ингеренции исто како амбасадата, со што Македонците од Албанија нема да мораат да патуваат до Тирана за некоја информација или услуга од амбасадата, објасни тогаш Стерјовски.

Одлуката доаѓа само два дена по посетата на Пустец од владина делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, која присуствуваше на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Скандалозни злоупотреби во МВР! – Полицајци за лажни боледувања менувале матични лекари, за да не одат на работа!

Фондот за здравствено осигурување ја заврши контролата на 80 лица и 105 приватни и јавни здравствени установи, откривајќи бројни злоупотреби при издавање на боледувања. Вкупната казна за установите со неправилности изнесува околу 1,2 милиони денари, а сите случаи се известени во МВР за понатамошно постапување.

Мицкоски: Реконструкција на Владата во мај, или јуни – Нема коалициски договори и преговори со други партии

Премиерот на Владата на Република Христијан Мицкоски изјави дека во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство, или ќе премине во друго министерство.

„Цунами“ од семејни насилства: тетовец секојдневно ѝ се заканувал на сопругата и децата, ја тепал и ја нападнал со нож!

Вчера, на 22 март 2026 година околу 21 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет. Во претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

ВМРО-ДПМНЕ: Со намален ДДВ, граѓаните заштедуваат 1,6 милиони евра неделно за горива

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник меѓу Заев и Ципрас?

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

To top