Македонија

Македонската метропола повторно во дилема – дали утре ќе има градски превоз?!

Скопјани повторно оставени на цедило, автобусите имаат нафта само за два дена. Граѓаните реагираат дека автобуси речиси и да нема. Ако има, велат ги има на еден час, што е поразително за една метропола.

Македонската метропола повторно во дилема – дали утре ќе има градски превоз или граѓаните ќе бидат принудени сами да се снаоѓаат. Иако имаше најави за проблеми со снабдувањето со нафта, сепак пристигнале 20 тони, што е доволно за само два дена. Од Синдикатот на ЈСП „Скопје“ велат дека состојбата е загрижувачка. Автобусите на ЈСП „Скопје“ засега сообраќаат редовно, а од претпријатието уверуваат дека нема најава за прекин на возењето.

Граѓаните реагираат дека автобуси речиси и да нема. Ако има, велат ги има на еден час, што е поразително за една метропола.

Во меѓувреме, седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз сè уште не е закажана.

Од Град Скопје велат дека фирмата која ги снабдува автобусите со гориво ја прекинале испораката на нафта и покрај активниот договор со ЈСП „Скопје“.

  • Затоа за Асмир Јахоски и „Пуцко петрол“ ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, велат од Град Скопје.

Според Град Скопје, сопственикот на нафтената компанија го сторил тоа под „силен политички притисок“, со цел да се создаде хаос во главниот град.

Оваа состојба со јавниот превоз во Скопје се претвора во секојдневие за скопјани, иако плаќаат карти, не добиваат никакви услуги. Скопје и вчера остана без јавен превоз, а илјадници граѓани беа оставени на улица, додека кај ЈСП се празнеа пероните и се редеа лути колони од луѓе што залудно ги чекаа автобусите. Веста дека автобусите се исклучуваат од линиите се рашири како молња и за час ја претвори транспортната мрежа во колапс, со застои, преполни такси-стојалишта и работници што пешачеа кон дома.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top