Македонија

Македонската метрополола и нејзината култна фонтана „Лотос“ во Градскиот парк си го враќаат сјајот: почна целосната реконструкција!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека започната е целосна реконструкција на фонтаната сместена на влезот од Градскиот парк, место што со децении претставува препознатлив белег и гордост на Скопје, но и место кое долги години беше запуштено.

– Паралелно со обновата на фонтаната, се уредува и плоштадот околу неа, се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот добива нов, модерен и достоинствен лик. Ова култно катче, еден од најистакнатите и најпрепознатливи симболи на градот, повторно ќе стане место на средби, прошетки и споделени моменти, ќе биде простор каде генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во убавината на јавниот простор, онака како што Скопје заслужува, истакнува Ѓорѓиевски.

На местото на фонтаната пред нејзината изградба имало мочуриште, полно со убави бели цветови. Токму оттаму потекнува инспирацијата за проектантот, лотосовиот цвет. Фонтаната „Лотос“ е дело на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец (1938-1982), која работела во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје. Фонтаната уште пред нејзината реализација се очекувала со големо нетрпение и била најавувана во медиумите како најубава и најрепрезентативна во земјата.

Отворена е на 3 мај 1971 година со гламурозна вечерна свеченост.

-Предвидено е фонтаната да изгледа како воден цвет – лотос, смирен по својот колорит, како да никнува од земја. Во долната чинија на фонтаната, која е и носител на цветот, водата непрекинато се движи, паѓајќи од ’листовите на цветот‘ и од т.н. водени толчници. Играта на водата се одвива во четири програми. Водата си игра меѓу цветовите со специјална структура на движењето на водените млазови, изјавила архитектката Волињец за своето дело.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Одземени лиценците на 6 компании, кои одгледуваат марихуана за медицински цели, меѓу нив и на Алфафам, вмешана во шверцот во Србија!

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли – несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер, посочи Алиу.

Филков повика на одговорност и итни седници на Советот за јавни обвинители и на Судскиот совет за куќниот притвор за Груби!

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција  упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.

Пациентот во центарот на интердисциплинарниот тимски пристап

Во Деканатот на Медицински факултет – Скопје, за првпат во Македонија се одржа дводневен хибриден семинар на тема „Хемостаза во хирургија“, реализиран преку моделот „Пациентот во центарот на интердисциплинарниот тимски пристап“.

Стојановски: Платите на јавните функционери да се намалат за 13.000 денари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе пакет предлог-измени на шест закони со кои се регулираат платите на избраните и именуваните лица, со цел да се обезбеди поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата

To top