Лешоски, познат по својот директен и урбан поетски израз, не штеди критики кон блокбастерот, споредувајќи го со поранешни адаптации и класичната литература. Тој смета дека филмот може да се допадне на публиката која не е запознаена со оригиналната „Одисеја“ на Хомер, поезијата на Кавафис или претходните филмски верзии.
„Филмот е супер веројатно за некој не-медитеранец, кој не ја читал оригиналната ‘Одисеја’ и не морал да ја студира за испит“, напишал Лешоски.
Тој особено критикува делови од режијата, музиката, костимографијата и визуелниот идентитет на филмот, споредувајќи ја музиката со „неотрезнет Доналд Трамп после два дена на карневал во Вевчани“, а костимографијата со „катастрофален дизајн“. Сепак, ги истакнува позитивните страни – посебно улогите на Мет Дејмон, Саманта Мортон, Џон Легуизамо и глумата на кучето.
„Само тие губења на линијата на реалноста кај сирените, глумата на Саманта и Џон, ефектите кај Кирка и сирените најдобро ја оправдуваат мојата интимна верзија на ‘Одисеја’“, вели Лешоски.
Рецензијата завршува со рефлексија и стихови од Кавафис, оставајќи впечаток на разочараност од тоа што филмот, според авторот, не успеал да ја пренесе потребната „страст, поезија и магија“.
Со оглед на популарноста на текстот, јасно е дека Лешоски ја погодила чувствителната жица кај дел од македонската публика која со посебен пиетет го доживува античкиот еп и неговите современи интерпретации.
Рецензијата е објавена од Плусинфо со дозвола на авторот.
Елена Тројанска е ко пластично шише да завртиш во грлото од фасонката наместо сијалица – се штрафит перфектно, влегвит – ама не светит.
Сцената, атмосферата, глумата и монологот кај сирените на Мет Дејмон како Одисеј е прекрасен и веројатно го оправдува половина од буџетот на филмот.
Роберт Патинсон како Антиној е на ниво од Тригер од Оnly fools and horses, како во глума така и во емоција.
Џон Легуизамо кој го игра Евмеј свињаот е прекрасен. Саманта Мортон како Кирка исто – магична. Ефектите таму се налик на сон и маестрални. И веројатно само тие губења на линијата на реалноста како оние кај сирените, оние глумата на Саманта и Џон, ефектите кај Кирка и сирените најдобро ја оправдуваат мојата интимна верзија на „Одисеја“.
Мет добар. Не е лош. Ама и далеку од моите очекувања.
Џон, Саманта, Мет и глумата на кучето на Одисеј.
Кучето е одлично.
И подобро да не продолжувам… Мислам дека најголем дел од светот на филмот ја заборавија онаа тајна на Холивуд од неколкуте негови златни раздобја (последното на пример во `90 години од минатиот век), а тоа е многу едноставно, а во истовреме и најтешко: Дај ми страст, поезија и магија – животот е доволно тежок!
Одејќи накај дома пешки ми се вртеа низ глава стихови од Кавафис:
„Ако ја најдеш сиромашна, Итака не те измами.
Мудар каков што стана, со толку искуство,
веќе ќе си разбрал што значат Итаките.“
Убав викенд.
(Дарко Лешоски на својот профил на Фејсбук)