Македонија

Одново слободно е движењето низ шумите во Македонија

Забраната првично важеше од 1 јули до 31 август, но беше продолжена до 30 септември поради високите температури и зголемениот ризик од шумски пожари на отворен простор

Денеска завршува забраната за движење во шумите, која беше воведена во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а на барање на Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Забраната првично важеше од 1 јули до 31 август, но беше продолжена до 30 септември поради високите температури и зголемениот ризик од шумски пожари на отворен простор.

За време на забраната, движењето низ шумите беше дозволено само со писмено одобрение издадено од подружниците на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и од националните паркови, конкретно за подрачјата со кои тие стопанисуваат. Беа предвидени парични казни за поединците кои не ја почитуваа забраната во овој период.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top