Македонија

Македонскиот Елиот Нес ќе си поднесе оставка ако лидерот на ССН ги докаже своите обвинувања

,,Лично ќе си поднесам неотповиклива оставка од функцијата која ја извршувам”

Заменикот директор во македонски шуми Кире Михаилов кој е познат како македонскиот Елиот Нес ќе си поднесе оставка ако лидерот на ССМ ги докаже своите обвинувања.

Михаилов регира на обвинувањата дадени од претседателот на синдикатот Слободан Трендафилов кој на протест рече дека Михаилов се заканувал на работници.

,,Овој “патриотов” кој зема поголема плата од мене и од половина функционери во Македонија вчера пак ме споменал на протестот!!!

Добро, ајде господине Слободан Трендафилов ако сакаш да си ги мериме, платите, патриотизмот, грижата за вработените, или што и да е, да си ги мериме, а?

Ама јавно, институционално?!?

Еве од мене уште еден, фер предлог до тебе?

Ако извадиш еден единствен цврст материјален доказ за тоа што вчера јавно го кажа за мене, т.е.

– дека јас сум се заканувал на вработените во Македонски Шуми дека ќе ги бркам од работа;
– дека јас ќе сум ве тужел за тоа што сте се бореле, а не сте се молеле;
– или што можеш најди за мене поврзано со синдикатите; ,

тогаш, еве јавно ти кажувам дека јас лично ќе си поднесам неотповиклива оставка од функцијата која ја извршувам!!!

Но, во спротивно, ти јавно извини ми се!

Цобе, и самиот знаеш дека тоа кое што го збореше вчера нема врска со реалноста и служи само за погласно УА од оние кои вчера беа таму!

Цобе, самиот знаеш, ама после вчерашниот твој настап, говор и се останато, и останатите граѓани видоа и веќе знаат дека одработуваш за СДС и Левица, а не за работниците!

И најважното, ДА, и јас, а како што гледаме и слушаме сите, и премиерот, и целата влада, па дури и приватните работодавачи се за зголемување на платата на работниците.

И тоа не само на минималната, но не вака со уцени, туку како што доликува на едно нормално општество, со договор на маса”, порачува Михаилов.

Видеото на овој линк

https://www.facebook.com/share/v/1CMaufs6nF/

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top