Македонија

Македонските аеродроми рангирани меѓу најбрзо растечките во Европа

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови порасна за 9,5% со вкупно 10.595 опслужени летови.

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови порасна за 9,5% со вкупно 10.595 опслужени летови.

Истовремено со анализата на статистиката на ТАВ Македонија за првите 5 месеци, Меѓународниот совет на аеродроми – Европа (ACI Europe) ја објави својата анализа на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се рангирани како најбрзо растечки аеродроми кои доаѓаат од земја надвор од ЕУ.

Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6%) за прв пат по закрепнувањето од Ковид, помал број пазари како што се Северна Македонија (+30,6%), Албанија (+25,3%) и Молдавија (+24,6%), кои припаѓаат на географска Европа, но се земји надвор од ЕУ, продолжуваат да бележат импресивни зголемувања.

  • „Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај во првите 5 месеци (+31,2%), во април (+30,6%), ги позиционира македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките авијациски пазари во Европа и како топ – перформери од западниот дел на земји надвор од ЕУ. По аеродромите во Скопје и во Охрид, се аеродромите во Албанија и во Молдавија, исто така со двоцифрен пораст, но под 30%. Ова е силна потврда дека нашите аеродроми успешно реагираат на зголемената побарувачка за воздушен сообраќај и дека земјата станува сè попривлечна и достапна дестинација. Ова достигнување е резултат на континуирани инвестиции во аеродромската инфраструктура, подобрувања на услугите, маркетинг активности, успешна соработка со авиокомпаниите и поддршката од Владата. Особено сме задоволни што, во време кога многу европски пазари доживуваат стагнација или пад на патничкиот сообраќај, Македонија е позиционирана меѓу европските лидери според порастот на бројот на патници“, ​​рече Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија. 

Според Оливие Јанковец, генерален директор на ACI Europe, април 2026 година претставува јасна пресвртница за европскиот воздушен сообраќај.

  • „Иако веќе забележувавме нормализација на растот на патничкиот сообраќај по силното постпандемиско закрепнување, геополитичката нестабилност – особено конфликтите на Блискиот Исток – сега дополнително го забавува растот и открива значителни разлики во перформансите на различните пазари. Охрабрувачка вест е дека побарувачката останува генерално силна, прилагодувањата на капацитетот на авиокомпаниите остануваат ограничени, а загриженоста за потенцијален недостиг на гориво за авиони е намалена.“

Според анализата на воздушниот сообраќај на ACI Europe од април 2026 година, меѓу најголемите пазари на ЕУ, аеродромите во Шпанија (+3,7%) и Италија (+2,2%) ги постигнаа најдобрите резултати, додека оние во Германија (-8,5%), Велика Британија (-2,1%) и Франција (-0,9%) забележаа намалување на обемот на патници. Најдобрите перформанси во ЕУ+ (група која ги опфаќа земјите од Европската Унија, Европската економска област (ЕЕО), Швајцарија и Обединетото Кралство) ги имаат аеродромите во Словачка (+125,2%), Словенија (+14,6%), Естонија (+12,1%), Малта (+13,5%) и Полска (+8,3%).

Заклучокот на ACI Europe е дека – додека средните и малите аеродроми ги надминаа очекувањата, шпанските и холандските центри останаа најотпорни на глобалната геополитичка нестабилност. Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај, од почетокот на 2026 година, ја покажува позитивната насока во развојот на македонските аеродроми, со што се зајакнува позицијата на земјата на европската воздухопловна мапа.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top