Македонија

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи работна сесија на Советот на амбасадори.

Сесијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Работната сесија на Советот на амбасадори треба да почне во 10 часот.

Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година.

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокот на македоските дипломати е да се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа.

„ Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава. се трите стратешки национални интереси, за кои се дебатира на Советот на амбасадори“, информира Муцунски.

Целта е амбасадорите и генералните конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top