Македонија

Македонците во Австралија во војна со градот Мелбурн за ,,Сонцето од Кутлеш”

Македонците жртви на расизам и дискриминација во , ,модерна демократска” држава

Македонците во Австралија почнуваат правна војна со градските власти на Мелбурн околу употребата на знамиња со ,,Сонцето од Кутлеш”.

Војната почнува откако градот Мелбурн забранил знамето со ,,Сонцето од Кутлеш” да биде користено за време на локален фестивал.

Според Советот на Македонските заедници на Австралија се работи за расистичка одлука против Македонците.

Во писмо до Комитетот за фестивалот Мумба на градот Мелбурн се упатува жалба за нивната ,,необјаснива и расистичка одлука да им забранат на групите од Македонската заедница кои учествуваат на фестивалот Мумба да го прикажуваат нашиот најзначаен национален симбол, нашето 16-крако Македонско Сонце од Кутлеш”

Во жалбата се додава дека со овој симбол, кое некои групи го нарекуваат и Ѕвезда од Вергина, Македонците парадирале повеќе од 30 години без никакви проблеми.

,,За жал, градот Мелбурн одлучи да ги игнорира нашите барања за поништување на оваа неправедна и дискриминаторска одлука користејќи слаб изговор за „културна чувствителност околу некои културни или регионални дизајни на знамиња“.
Ова е расистички и дискриминаторски чин за задоволување на каприците на една злобна и незнаечка група која продолжува да го негира самото постоење на Македонската етничка припадност, јазик, историја и култура, чии мислења се далеку од основните начела на мултикултурализмот на самоидентификација, меѓусебно почитување и толеранција”, се вели во писмото.

Според Советот на македонските заедници вк Австралија мултикултурализмот во Австралија треба да биде за сите групи на заедницата да уживаат и да го споделуваат, а не само за неколкумина избрани.

,,На австралиските Македонци им е доста од оваа нетрпеливост и предрасуди и ние ќе бараме правна заштита за оваа неправда”, стои во писмото кое е потпишано од Крис Ангелков претседавач со Советот на македонските заедници во Австралија.

Најнови вести од: Македонија

Трамп категоричен: Нема договор со Иран, само безусловно предавање!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека нема да има договор со Иран „освен со безусловно предавање“, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека, по предавањето на сегашниот режим и изборот на „одлични и прифатливи“ лидери, САД и нивните сојузници ќе работат на „враќање на Иран од работ на уништување, правејќи го економски поголем, подобар и […]

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски успеа само да биде измеќар на двоецот Филипче-Заев, на промашениот лидер, чија пудлица избира да биде!

„Тоа што еден предавник и корумпиран политичар може како зло да го нанесе на својата држава, не можат потоа 1000 чесни, добронамерни и паметни да го исправат.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение. Што се однесува до Жерновски и неговите површни напади, кој е 30 години во политиката и по ништо квалитетно и добро […]

Забраната за управување возило ќе се активира со смс и е-маил, без впишување во дозволата – Досега над 3 илјади забрани!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за законските измени во управната постапка поврзана со возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „забрана за управување со моторно возило“, изречена со правосилни судски пресуди. МВР воведува дигитален систем на известување – санкцијата започнува да тече по приемот на втората порака, а досега се реализирани над 3.000 забрани!

Ѓорѓиевски: Обновените спортски терени на кејот на Вардар се пак место за живот, рекреација и спорт за скопјани!

„Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар. Денес, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштивме во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, простор кој повторно станува место за живот, рекреација и спорт.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Инцидент во Тетово: Д.А. (18) со нож тешко го повредил С.Л. (23) по расправија на улица

На 5 март 2026 околу 19 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Д.А. (18) од Тетово. Тој се сомничи дека претходно, по кратка расправија на улица „173“ во Тетово, со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на С.Л.(23) од Тетово, констатирани во Клинички центар Тетово.

Стефановски: Македонија ќе биде првата земја во регионот, што ги исполнува условите за европски роаминг

Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија.“ – изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој нагласи дека Македонија ќе биде првата држава во регионот, која ќе ги исполни сите критериуми, по што ќе може да влезе во преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник пред европските телекомуникациски оператори.

Најнови вести

To top