Македонија

Макпетрол: Попустот што до понуди „ОКТА“ не е доволен

Од ОКТА вчера соопштија дека до крајот на месецов, за трговците кои набавуваат горива од оваа компанија е обезбеден попуст од 2 денари по литар за дизел и за бензините

„Макпетрол“ смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.

Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за очекување беше дека ќе се добијат повисоки дисконти во набавната цена.

Со оглед на состојбата, се очекува цените на суровата нафта и понатаму да растат, а тоа значи дека трговците и натаму ќе бидат принудени да работат со загуби.

„Макпетрол“ како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни, вклучувајќи ги граѓаните, смета дека е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и малопродажните цени, како што е пракса во регионот, се вели во соопштение од „Макпетрол“ .

Од ОКТА вчера соопштија дека до крајот на месецов, за трговците кои набавуваат горива од оваа компанија е обезбеден попуст од 2 денари по литар дизел и бензини.

Со тоа, информираат од компанијата, на големопродажните и малопродажните партнери им се овозможува дополнителна флексибилност оваа поддршка да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на своите потрошувачи.

Иницијативата доаѓа по успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот „ВАРДАКС“ што го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата. Врз основа на очекуваните количини што треба да се пласираат на домашниот пазар до крајот на март, од Окта проценуваат дека вкупниот придонес за поддршка на пазарот ќе изнесува околу 2 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

Иран собори два американски борбени авиони: Потрагата по еден од пилотите се уште трае

Нафтените пазари беа затворени откако референтните цени на американската сурова нафта пораснаа за 11 проценти во четвртокот по говорот на Трамп кој не понуди јасен знак за непосреден крај на војната.

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

To top