Македонија

Макстил и во вториот квартал од 2025 повторно со ниски емисии на цврсти честички

Минимални вредности во однос на пропишаните европски гранични вредности

Мерењата на емисиите на цврсти честички од двете главни емисиони точки на Макстил покажуваат дека истите и во вториот квартал од 2025 година имаат минимални вредности во однос на пропишаните европски гранични вредности кои изнесуваат 20, односно 30 милиграми на метар кубен.

На емисионата точка Оџак од филтер постројка, каде граничната вредност е 20 милиграми на метар кубен, во периодот април – јуни 2025 година, емисионите вредности се под 1. И покрај зголемувањето на вредноста во јуни, истата е речиси 14 пати пониска од пропишаната граница.

На емисионата точка Оџак од пескара, каде граничната вредност изнесува 30 милиграми на метар кубен, резултатите исто така остануваат во сигурна рамка, односно се дваесетина пати под законскиот максимум.

Овие резултати го потврдуваат лидерството на Макстил како една од ретките тешки индустрии која континуирано вложува во современи и ефикасни технологии за намалување на емисиите и заштита на животната средина.

Преку системски пристап и стратешки инвестиции во еколошка модернизација, компанијата не само што ги надминува националните и европски стандарди, туку станува пример за одговорно и одржливо индустриско работење.

Макстил останува посветен на унапредување на квалитетот на амбиенталниот воздух и вложува во технолошки иновации што создаваат позитивно влијание врз околината и го поттикнуваат одржливиот општествен развој.

Во продолжение на ова соопштение следи пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот од јануари до јуни, 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот Славески: Ќе ја зачуваме макроекономската стабилност и покрај новите ризици

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top