Македонија

Малески: Трамп е човек без широко образование

Фразата обично се користи негативно или потсмевно, за да се каже дека некој е: површен или
недоквакан

Во својата последна колумна за Либертас првиот министер за надворешни работи на Македонија тврди дека претседателот на САД Доналд Трамп е човек без широко образование.

Иако како дипломат и професор знае дека Трамп како претседател е симбол на американската држава Малески упатува оценка што може да се толкува и како навреда за стратешкиот партнер на Македонија.

Малески навредувајќи го Трамп коментира за битката меѓу големите сили во борба за свои сфери на влијание во атмосфера која е наелектризирана и опасна.

,,Претпоставувам дека на претседателот на Америка Доналд Трамп,, човек без широко образование, американските „служби“му покажале филмувани верзии за последиците од нуклеарна размена на 5,177 американски и 5,459 руски интерконтинентални нуклеарни ракети, во војна која би траела само два часа, за тој да ја исклучи директната американска воена интервенција во Украина”, пипува Малески.

Во колумната Малески вели дека заради домашната и европската опозиција, да ја запре војната во Украина Трамп ја подготвува Америка за нова војна против Иран и прашува дали се случува трулење на демократијата во Америка.

,,Парадоксално, одговорот за опасноста од либералната експанзија на американската моќ во светот, во форма на предупредување, ја наоѓаме во делото „Големата шаховска табла“на шампионот на таа експанзија – Збигњев Бжежински. Имено, Бжежински предупредува дека улогата на Америка како светски либерален хегемон може да се судри со американската демократија. Неговите базични точки се дека одржување хегемонија надвор создава притисоци кои ја поткопуваат демократијата дома. Поинаку кажано одржувањето империја бара тајност ( тајни операции, манипулации со јавноста, јакнење на безбедносната компоонента на сметка на конгресен надзор и јавна дебата) а демократијата бара јавност. Следат и други предупредувања: надворешните интервенции ја поткопуваат домашната кохезија; не е можно демократските вредности да се наметнат со сила на други народи; хегемонското владеење со светот создава јаз помеѓу масите и елитите а, со тоа, и погодна почва за појава на демагози. Кажано во една реченица, Бжежински предупредува дека империјалниот замор ќе предизвика трулење на демократијата во Америка. Тоа ли и се случува со Америка во ерата на Доналд Трамп”, пишува Малески.

Фразата „човек без широко образование“ на македонски и на другите јужнословенски јазици според науката најчесто се користи за да опише личност која:

има ограничен круг на знаење, интереси и перспектива,
не е запознаена со многу области надвор од својата тесна професија или секојдневие,

не чита многу, не се интересува за историја, култура, наука, уметност, политика, филозофија итн.

често има тесен поглед на светот, предрасуди, едноставни (понекогаш примитивни) ставови за сложени работи,
недостасува ѝ општа култура и еридиција.

Со други зборови — човекот можеби има некакво формално образование (средно училиште, дури и факултет во одредена насока), но нема широко хоризонтално знаење — знае многу малку за „сè друго“ освен за својата работа/хоби/

Најчеста конотација

Обично се користи негативно или потсмевно, за да се каже дека некој е:
површен
недоквакан
„сељандурски“ настроен
без интелектуална љубопитност
тешко разговара на „повисоки“ теми

Примери како се користи во говор:

„Тој е добар мајстор, ама човек без широко образование — не можеш да разговараш ни за што друго освен за цевки.“
„Без широко образование си, па мислиш дека сè во животот е црно-бело.“
„Не сакам да се дружиш со такви — луѓе без широко образование носат само негативна енергија.“

Спротивно значење

Човек со широко образование = ерудиран, културен, може да зборува за многу теми, има општа култура, чита книги надвор од својата струка, има развиен вкус, критичко мислење итн.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

To top