Македонија

МАН бара мерки против сите во СДСМ, кои навредуваат новинари и ги земаат како цел

Македонската асоцијација на новинари жестоко реагира на пресот на Филипче и бара да се преземат мерки и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма, која, како што велат, е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

 Македонската асоцијација на новинари (МАН) испрати реакција откако лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција не дозволи новинарско прашање од ТВ Алфа коментирајќи со зборовите „фејк њуз“ и „престанете со пропагандата на ВМРО“.

„МАН без да навлегува во внатрепартиските превирања во СДСМ, бара од надлежните институции да преземат мерки против: сите претставници на партијата кои шират омраза, напаѓаат, клеветат, навредуваат и таргетираат новинари и медиуми, самата партија СДСМ која се залага за истото и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма која е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија“, се наведува во реакцијата на Здружението.

Од МАН посочуваат дека „нема да дозволат да се повтори прогон на новинари и медиуми како во времето на мрачниот режим на Зоран Заев, ментор на Венко Филипче, кој ги прогласуваше медиумите за непријатели, организираа протести пред домовите на нашите членови и користеа физички напади врз новинарите, а со помош на обвинителството и судството вршеа и вршат прогон на сите професионални новинари и медиуми кои не се под контрола на СДСМ.“

„Љубомир Јовески и Љупчо Коцевски, контролирани од СДСМ се директно одговорни за прогон на над 60 професионални медиумски работници, затворање на дневни весници и две телевизии во режимот на Заев. Овој пат, нема да оставаме стапови пред штабот на СДСМ за да нѐ тепате и лисици пред Обвинителство за да нѐ апсите. Овој пат, знаеме како, нема да дозволиме враќање на режимот на Заев преку Филипче“, соопштија од МАН.



Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top