Македонија

Манасиевски: ССМ и „синдикалецот на батерии“ Трендафилов одбиле 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците!

„Синдикалецот на батерии“ Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива благодарејќи на работниците кои членуваат во неговите синдикати, им го сврте грбот и не прифати зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните 2 години. Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор. – реагираше Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Натаму Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ истакнува: Трендафилов ги остави работниците на цедило и без повисоки плати, затоа што е политички заробеник од страна на СДС. Договорот што тој лично заедно со минатата министерка за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишал е истечен, а со тоа се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.

Ова ССМ и Слободан Трендафилов и УПОЗ на чело со Трпе Деаноски го одбиваат. Лицемерието на ССМ и Слободан Трендафилов е разоткриено. Додека од една страна глуми загрижен за работниците, за нивните права и за нивните плати, од другата страна докажува колку навистина му е грижа за работникот со тоа што го одбива предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите во висина од 40%.

ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа. На ССМ и Трендафилов не им е до зголемените плати на работниците, туку до тоа да и им наштетат на државата, а со тоа и на Владата што е можно повеќе.

Отворената поддршка која ССМ ја добива од Левица и од СДС, јасно говори кој седи позади овој организиран денешен протест. – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top