Македонија

Манасиевски: Вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

Нели е лицемерно, од една страна да глумите некакви аскети, а од друга страна да ја цедите својата политичка партија?

Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува, Левица и Мојсоска кои проповедаат чесност и скромност, имаат две лица, едно пред камери и едно зад камери, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Она пред камери е лажното лице, каде што се претставуваат како чесни, скромни, неподмитливи, луѓе на народот, а она вистинското лице си го покажаа зад камерите, кога цело раководство на президиумот на Левица инкасирало средства налик на патни трошоци, од сопствената партиска трансакциска сметка. Според она што го имаме добиено од свиркачи од Левица, Мојсоска си го покажа вистинското лице. Имено, на ден 26.4.2024 година земала 123.000 денари, на 3.2.2023 година земала 96.862 денари, а само оваа година, додека Мојсоска е пратеник, во месеците јуни и јули земала на 3 пати по 54.000 денари – рече Манасиевски.

Нели е повеќе од доволна пратеничката плата, праша тој.

– Нели е лицемерно, од една страна да глумите некакви аскети, а од друга страна да ја цедите својата политичка партија? Вистинското лице на Мојсоска и Левица е разобличено – рече Манасиевски.

Пратеничката и кандидатка за градоначалничка на Струга, Јована Мојсоска вчера рече дека во Левица добивала плата како вработена за вршење сметководство на  партијата. Таа реагираше дека била единствена вработена во партијата и дека за својата работа земала нешто повеќе од минимална плата.

 

Најнови вести од: Македонија

Неофицијално: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана низ Македонија

Бројот на осомничени и точните квалификации на кривичните дела во македонскиот дел од истрагата ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за вкупната заплена од над 27 тони марихуана.

(ВИДЕО) Опсада кај „Охис“: Полициски конвои влегоа во фабриката по запленувањето на 5 тони марихуана

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот на истрагата е насочен кон мрежа на компании и објекти во Скопје и Струмица, кои, според сомнежите, се поврзани со нелегалниот извоз на дрогата од македонска територија.   Попладнево, под силно полициско обезбедување, десетина комби-возила, […]

Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите

Министереката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница

To top