Македонија

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит

550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на гласови за 11.000

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа, изјави на денешната прес конфренција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека по 19 октомври и апсолутната победа во првиот круг од овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се движи кон нова победа во вториот круг и запечатување на оваа историска победа.

-550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на гласови за 11.000, благодариме на секој еден што гласаше за вистинскиот избор.

А, сега имаме одлична можност да ја испишеме историјата на овие избори. На 2 ноември влегуваме во директна битка за 27 општини, од коишто во првиот круг имаме убедлива победа во дури 20 општини и градот Скопје, а во останатите 6 сме многу блиску со победа или незначителна разлика од десетици гласови во однос на опонентот.

Оваа поддршка се должи на чесноста, работата, посветеноста и транспарентноста. Се должи на многу ветувања на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираа изминативе 4 години. 4 години сме без скандали, без местени тендери, без афери, без индиции или сомнежи за корупција или криминал, нагласува Манасиевски.

Ги повика граѓаните на 2 ноември, масовно да излезат и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!

Најнови вести од: Македонија

Собранието го избра Ацо Ристов како нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието, попладнево, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов како претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен […]

Ацо Ристов е нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика на местото на Бислимовски

Собранието на Македонија со 68 гласа „за“ попладнево го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Ристов доаѓа на позицијата на Марко Бислимовски, кој поднесе оставка во февруари годинава.

Ќе добие ли Скопје нови градски автобуси?!

Од околу 130 наши автобуси што беа во функција, сега од гаражите излегуваат 180 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси. Дополнително зголемен е и бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од различни причини одбиваа да сообраќаат на дел од линиите, кажа скопскиот градоначалник.

Петрушевски: Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот од 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово

„Нема одговори од СДС, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово. Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?“ – нагласува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во обраќањето кон јавноста.

В.Л. пукал со службен пиштол во двор, а куршумите завршиле во соба на соседите – ќе одговара кривично заедно со уште еден полицаец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

To top