Македонија

Маск до Лаен: Вие како лидер на ЕУ треба да бидете избрани директно од народот, а не од некој комитет!

„Милијардерот и технолошки моќник Илон Маск упати критики кон европската демократија и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.“ – објави eвропското издание на американската новинска организација „Политико“, кое известува за политичките прашања на Европската Унија.

Во статијата со наслов „Маск до Урсула фон дер Лаен: Лидерот на ЕУ треба да биде избран од народот“, „Политико.ЕУ“ пишува: „Ако демократијата е основа на слободата, тогаш сигурно вие треба да бидете избрани директно од народот на позицијата лидер на ЕУ?“ – ја праша Маск Лаен во објавата на општествената платформа икс, која е негова сопственост.

Во друга објава, Маск, шефот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, додаде дека „лидерот на ЕУ“ треба да биде „избран од народот“ на блокот, а „не да биде назначен од комитет“. Маск реагираше на откривањето на Европскиот штит за демократија од страна на фон дер Лаен, нова стратегија за засилена борба против странското мешање на интернет, вклучително и во изборите.

„Демократијата е основа на нашата слобода. Демократијата е основа на нашиот просперитет. Демократијата е основа на нашата безбедност“ – порача фон дер Лаен преку општествените медиуми. Лаен, инаку по потекло германска политичарка, ја претстави идејата за „Штитот за демократија“ во предизборниот говор на Самитот за демократија во Копенхаген минатата година додека се обидуваше да добие уште еден мандат како претседател на Комисијата пред европските избори во 2024 година. Централниот дел од стратегијата „Штит за демократија“ е Европскиот центар за демократска отпорност, кој се потпира на експертиза од сегашните членки и земјите, кои се стремат кон членство во, ЕУ за борба против дезинформациите.

Претседателот на Комисијата – шеф на извршната власт на ЕУ, иако не е дословно „лидер на ЕУ“ – е предложен и изгласан за петгодишен мандат од Европскиот совет, кој ги опфаќа 27-те шефови на држави и влади на ЕУ. Предложениот кандидат мора да добие глас меѓу членовите на Европскиот парламент. Откако ја доби потребната поддршка минатата година, фон дер Лаен преживеа три предлози за недоверба од страна на фракциите во Парламентот во јули и октомври оваа година.

Маск, кој одигра кратка, но истакната улога претходно оваа година како советник на американскиот претседател Доналд Трамп, откако енергично го поддржуваше во текот на изборната кампања во 2024 година, честопати ја користеше својата платформа за да ги засили контроверзните ставови за демократијата, слободата на говорот и политичкото лидерство низ целиот свет. – објави „Политико.ЕУ“.

Најнови вести од: Македонија

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

To top