Македонија

Мечка го нападна и го повреди Н.И. (41), додека собираше печурки во ресенско Курбиново

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на маж од Ресенско од мечка.

Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка.

Веднаш по нападот, Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница.

Најнови вести од: Македонија

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top