Македонија

Мечка снимена покрај патот кон Лазарополе (ВИДЕО)

Апел до сите кои се движат во овој предел доколку забележат мечка, да останат смирени и да не и се приближуваат

 

Млада мечка вчера била снимена во близина на селото Лазарополе. Посетители што се движеле во околината ја снимиле мечката во близина на патот што води кон селото. Снимката и фотографиите се објавени на фејсбук-страницата Патувања.мк.

Во објавата се упатува апел до сите кои се движат во овој предел доколку забележат мечка, да останат смирени и да не и се приближуваат.

„Не се обидувајте да ја храните и избегнувајте нагли движења. Најдобро е едноставно да ја игнорирате и даи дозволите да продолжи по својот природен пат“, се вели во објавата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top