Македонија

Мециновиќ пред изборникот молк: Од недела повеќе ништо нема да биде исто

Говорејќи за кампањата, Мециновиќ обвини дека на овие избори се случил, како што рече, преседан односно дека јавно бил обелоденет неговиот матичен број, што е кривично дело за кое, како што наведе, правниот тим на Левица веќе се подготвува од понеделник да поднесе тужби и кривични пријави.

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека ако се случи тој да победи, таа победа ќе биде натпартиска, исто како и неговиот мандат.

  • Ако се случи победата, ќе биде натпартиска, а и мандатот ќе биде таков. И да не победиме, иако сме сигурни дека во недела ќе славиме победа, веќе никогаш нема да можат да лажат дека гласањето за трети опции и независни кандидати не може да дојде до некоја физичка манифестација. Волјата на оние кои се обидоа да гласаат поинаку, еве ја во вториот круг. Нивното делегирање, на нивниот легитимитет, нѐ донесе во вториот круг. Џабе им е. Ништо веќе нема да биде исто. Во недела Скопје треба да се соочи со системот. Со оваа политичка мобилизација која ја имаше во изминативе недели, сметам дека Скопје може да соочи со системот и да ја однесе победата. Во оваа кампања сфативме дека на Македонија ѝ е доста од ароганција, бидејќи 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе – рече Мециновиќ.

Тој најави дека откако ќе заврши изборниот циклус, правниот тим на Левица ќе поднесе кривични пријави и тужби поради, како што вели, невиден инцидент во кој бил јавно објавен неговиот Единствен матичен број на граѓанин (ЕМБГ) за време на изборната трка. Тој оцени дека станува збор за сериозна злоупотреба и повреда на човековите права.

  • Во овие избори се случи преседан кој никогаш не се случил досега. Во моментот кога јавноста сосема ги имаше вперено своите очи во два кандидати, кога бевме јас и Орце Ѓорѓиевски најрелевантни во јавниот дискурс, мене ми беше обелоденет ЕМБГ, што е длабоко класифициран податок и тоа е нешто што не се случило досега. Тоа е страшна злоупотреба и е кривично дело. Ова мене навистина ништо не ми значи, но мислам дека треба на сите нас да ни значи. Утре истото може да ви го направи некој друг и вам. Која институција се обиде да превенира таква ситуација? Која институција реагира откако се случи таква ситуација? Ова е прашање на човекови права. Ние живееме во социопатска политичка култура која се наметнува. Освен инцидентот со ЕМБГ, имаме уште низа измислици, шпекулации, напади по интегритет, напади по семејство, по луѓе кои не беа инволвирани во оваа кампања. Сето тоа ќе биде пропратено со тужби и со кривични пријави – рече Мециновиќ.

Тој ги повика граѓаните на 2 ноември да излезат на гласање и да ја изберат, како што рече, опцијата против режимот. Мециновиќ ги повика сите негови противкандидати кои излегоа во првиот круг да го поддржат.

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top