Македонија

Меџити: На плоштадот „Скендербег“ ќе се гради Албанска библиотека

Владата ја одобрила одлуката за пренос на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на општина Чаир, со што се отстранува и последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот.

 

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, дека е отстранета и последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот откако Владата ја одобрила одлуката за пренос на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на општина Чаир.

Според Меџити, со оваа одлука се создаваат сите услови за отворање на тендерската постапка и почеток на работите за завршување на еден од најважните проекти за Албанците во Скопје.

„Со одлука на Владата се отстранува и последната административна пречка и се отвора патот за реализација на третата фаза на плоштадот „Скендербег“.

Според Меџити, со оваа одлука се создаваат сите услови за отворање на тендерската постапка и почеток на работите за завршување на еден од најважните проекти за Албанците во Скопје.

Градоначалникот Меџити, неодамна ја најави трансформацијата на просторот над плоштадот „Скендербег“ во Албанска библиотека и го означи тоа дека ќе биде значаен културен проект.

Новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој, рече Меџити.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top