Македонија

Меџити: Прашањето поврзано со Брвеница е решено и нема да влијае врз Владата

Копретседателот на ВРЕДИ за искрите во владината коалиција вели дека таа има демократски капацитет да ги надмине

Копретседателот на ВРЕДИ, Изет Меџити, ја смирува топката по искрите во односите со ВМРО-ДПМНЕ по вонредните избори за градоначалник на Брвеница, кога од партијата на Христијан Мицкоски го нарекоа владиниот партнер „тројански коњ“.

Зборувајќи пред новинарите во Боговиње за неодамнешните избори во општината близу Тетово, Меџити изјави дека редовно се среќава со премиерот и оти, иако понекогаш имаат различни гледишта или ставови, успеваат да ги решат овие прашања во рамките на Владата.

„Имаме редовни средби со премиерот Мицкоски. Ние сме дел од Владата, но сме и партнери. Не размислуваме секогаш исто и има моменти кога нашите мислења и ставови се разминуваат. Сепак, Владата поседува демократски капацитет да ги реши овие прашања внатрешно и да продолжи понатаму. Ние сме фокусирани на решенија, а не на избори“, рече поранешниот министер за животна средина, а сега градоначалник на Чаир.

Тој додаде дека прашањето поврзано со Брвеница е решено и нема да има никакво влијание врз Владата.

Најнови вести од: Македонија

Galaxy Z Fold8 нуди повеќе отколку што мислите: мали трикови што го олеснуваат секојдневниот живот

Со Galaxy Z Fold8, осмата генерација на иновативни уреди на преклопување на Самсунг (“Samsung”), нуди повеќе за откривање, надвор од веќе познатото искуство на отворање на уредот за да се добие поголем екран. Некои функции ви овозможуваат телефонот да го доживувате полично, додека други ги олеснуваат секојдневните задачи.

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

To top