Македонија

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

„Денешниот Конгрес на ДУИ беше театар, одржан по изборниот дебакл, во кој никој не беше повикан и од никого не беше побарана политичка одговорност. Наместо размислување конгресниот театар делеше памфлети со ‘големи теми’, за да го прикрие неуспехот, но и уште полошо – да избегне дискусија за суштинското прашање: кој е одговорен за поразот на изборите?!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити на својот фејсбук-профил.

Натаму во објавата тој истакнува: Во услови на контроверзен процес на делегирање делегати и без транспарентност за процесот на номинирање и кандидатирање, Конгресот се претвора во фарса, што и беше беше денес.

Без вистинска отчетност и политичка одговорност, реформата е само про форма, додека Конгресот е само куклен театар.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top