Македонија

Меџити: Гласачите-Албанци го испратија Ахмети во политичка пензија, сфатија дека во опозиција зборува за Етничка Албанија и УЧК, а кога е во влада за Отворен Балкан!

„Ова е момент за размислување за ДУИ и за сите оние, кои раководеле долго време без промена. Им посакувам да се реформираат со идеи, со програми и со нови лица, за да бидат во иднина конкурентни на албанската политичката сцена во Македонија.” – изјави новоизбраниот претседател на општина Чаир Изет Меџити во интервјуто за ТВ А 2 СиЕнЕн од Албанија.

„ Не го испратив јас Али Ахмети во политичка пензија, туку гласачите-Албанци. Неговиот јавен молк покажува дека ја разбрал јасно пораката, која му ја испратија тие на овие локални избори. Гласачите-Албанци сфатија дека кога е Ахмети во опозиција тогаш зборува за етничка Албанија и УЧК, но кога е во влада зборува за Отворен Балкан и како да се помират со српскиот народ.“ – нагласи Изет Меџити во интервјуто за ТВ А 2 СиЕнЕн од Албанија.

Натаму телевизијата наведува: Според Меџити, „Ахмети не разбрал дека ДУИ има потреба од реформи и да се претстави со нови лица, со нова програма, со нова визија“. „Ги повторија грешките на локалните избори. Наместо да учествуваат на локалните избори со локална платформа, тие се обидоа со референдуми и легитимитет. Сега кога изгубија на овие избори се потврди дека легитимитетот го има Вреди, која ги претставува Албанците. Сега е јасен епилогот.“ – напомнува Изет Меџити.

Запрашан дали врз резултатот на овие избори повлијае учеството на Али Ахмети и на функционерите на ДУИ изминатиот петок во Тирана за УЧК, Меџити одговори: „Не знам колку ова беше во функција за изборите. Целата логистика беше повеќе за да се промовира Ахмети.”

Тој посочува дека „Ахмети не излезе сѐ уште на конференција за медиуми по 22 години, како што излегувал по секој изборен круг“. „Ова значи дека ја добил пораката од албанскиот гласач.“ – нагласи Меџити.


Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top