Македонија

Меџити го промовираше носителот на листата за советници за Чаир

Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Општина Чаир, го објави името на носителот на советничката листа за локалните избори.

facebook.com/izet.mexhiti.2025

Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Општина Чаир, го објави името на носителот на советничката листа за локалните избори, д-р Мухамед Муртези, соопшти тимот на Меџити.

„Денес сакам да го претставам носителот на листата на советници на ВРЕДИ за Општина Чаир, докторот, интелектуалецот, активист на граѓанското општество и човек со високи вредности, Мухамед Муртези. Заедно кон големата победа. Само за тебе Чаир“, напиша Меџити.

Кој е Мухамед Муртези ?

Роден и израснат во Скопје, Муртези дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштина, а магистрирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на насоката „Европски студии за интеграција“. Од 1991 година е активен во граѓанскиот сектор, каде бил претседател на Сојузот на исламска младина, Здружението на албански издавачи и Центарот за разбирање и институционална соработка. Исто така, бил главен уредник на едукативно-културното списание ВЕПРА и на меѓународното научно списание CENTRUM, како и коосновач и директор на издавачката куќа „Фуркан ИСМ“.

На локалните избори во октомври, Муртези за првпат се вклучува во политичка дејност како носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир и кандидат за претседател на Советот. Неговата цел е да даде позитивен придонес и да остави траен позитивен белег во оваа сфера.

„Нашата визија, заедно со идниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, е еден поубав, почист и побезбеден Чаир. Поквалитетно образование и наука, поразвиена култура и спорт, подобар и подостоинствен живот. Затоа што жителите на Чаир го заслужуваат тоа и јас верувам дека ова е остварливо со добра волја, голема посветеност и чесна работа. Затоа ја бараме вашата поддршка на 19 октомври. За нашиот Чаир“, изјави Муртези.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top