Македонија

Меџити им одговори на ДУИ и Ахмети: Ние не сме загари, ниту лажговци, туку Албанци со достоинство

Остра реакција на Изет Меџити како кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Вреди кон нападите на ДУИ и Али Ахмети кон нивната коалиција.

„Вицепремиерот и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити, како кандидат за градоначалник на општина Чаир во својот говор за време на промотивната конвенција за локалните избори, се изјасни отсечно за идентитетот и политичката линија што ќе ја следи во изборната трка.“ – објави ТВ Шења, известувајќи за вечерашнава изборна конвенција на Вреди во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје..

Натаму телевизијата наведува: „Ние не сме загари, туку Албанци! Не, ние не сме измеќари, ниту лажговци. Ние сме луѓе со достоинство.“ – нагласи Изет Меџити. Тој нагласи дека неговото однесување и ставови „не се поврзани со скриени интереси, или отстапки што ѝ штетат на заедницата“.

„Ние не сме предавници; ние не го поддржуваме Отворен Балкан, не го познаваме Дака Давидовиќ, не сме продале акции на Српската банка. Не сме донеле српско-руски казина во со Албанци.“ – напомна Меџити на вечерашнава конвенција на Вреди, на која им одговори на нападите  на ДУИ и Али Ахмети кон нивната коалиција.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top