Македонија

Меџити: На земјата не ѝ требаат предвремени парламентарни избори, туку решенија и спроведување на програмата и ветувањата!

Меџити, кој е кандидат на Вреди за претседател на општина Чаир, посочува дека нивната коалиција ќе биде апсолутен победник на овие избори. 

„На земјата ѝ требаат решенија, а не избори!’ – изјави вчера вицепремиерот и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити, затворајќи ја вратата за предвремени избори.“ – извести ТВ Шења

Зборувајќи за предвремените парламентарни избори во емисијата „Дебата“ на оваа телевизија, Меџити нагласи: „Премиерот Христијан Мицкоски пред два ден, кратко и јасно изјави дека нема да има предвремени избори. Истото го кажав и јас како вицепремиер.“

Според Изет Меџити, „на земјата не ѝ требаат избори, ѝ требаат решенија и спроведување на програмата и ветувањата“.
Во врска со отсуството на заменик-министерот за одбрана, Меџити рече дека „тоа е техничко прашање“ и оти „ова ќе се реши по изборите“. – објави ТВ Шења.

Меџити, кој е кандидат на Вреди за претседател на општина Чаир, посочи дека нивната коалиција ќе биде апсолутен победник на овие избори. „Вреди ќе биде апсолутен победник на локалните избори, како што беше и на парламентарните, во однос на опозицијата ,која ги наметна прашањата на референдумот, на легитимитетот, кажувајќи дека е многу важно кој ќе победи во Чаир и Тетово, бидејќи другите се помалку важни. Јас ви велам уште од почетоков дека Вреди ќе биде победник во Чаир и Тетово, но и оти ќе победи и во другите општини.“ – заклучи Меџити.

Најнови вести од: Македонија

Луна паркот готов за една година – убава вест за најмладите, но и за повозрасните

Во врска со тоа дали смета дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор, оцени дека за овој проблем има паралелен пристап, од една страна ги решаваат тесните грла во градот, од друга се обрнува внимание и на еколошкиот транспорт.

Интервју: Динамични и продуктивни 100 дена, низа капитални проекти за 50. јубилеј на Општина Гази Баба

Освен настаните, предвидени се и одликувања и признанија за поединци, организации и институции кои со својата посветеност и работа оставиле траен белег во развојот на Гази Баба. Овие признанија не се само симболични, туку се потсетник за тоа дека заедничката работа и посветеноста кон граѓаните се вредности кои ја градат нашата општина.

To top