Македонија

Меѓународно познатиот архитект од Мексико Мичел Ројкинд е ангажиран од Бујар Османи, за да помогне за „визијата на Чаир како град насочен кон иднината“

За Мишел Ројкинд се наведува дека е „широко познат по иконичките проекти“ како што се „Музејот на чоколадо Нестле“, „Национална кинотека XXI век“, „Ромскиот пазар“ и по спектакуларните фасади на „Ливерпул Интерломас“.

„Архитектот со светска слава од Мексико Мишел Ројкинд ќе биде дел од тимот на кандидатот за градоначалник на Чаир Бујар Османи, со цел да помогне во изготвувањето нова визија за иднината на оваа општина.“ – објави ТВ Шења.

Натаму телевизијата изнесува: Веста ја објави Османи преку својот фејсбук- профил, истакнувајќи дека целта на соработката со Ројкинд е да се создаде град попристапен за живеење, сеопфатен, и насочен кон иднината, со посебна нагласка на јавните простори, кои ги поттикнуваат заедницата, културата и можностите.

Ројкинд е основач на добро познатото студио „Ројкинд Архитектос“, кое е избрано од списанието ‘Форбс’ како една од 10-те најиновативни нови фирми во светот. Тој е широко познат по иконичките проекти како што се „Музејот на чоколадо Нестле“ “ (Nestlé Chocolate Museum”( (2007), „Национална кинотека XXI век“ (Cineteca Nacional Siglo XXI”,, „Ромски пазар“ (Mercado Roma“), како и по спектакуларните фасади на „Ливерпул Интерломас“.

Во 2010 година Ројкинд ја освои престижната награда „Нови гласови“ од Архитектонската лига на Њујорк, а меѓународните медиуми како што е „Њујорк тајмс“ го вклучија во нивната листа на „личностите, кои треба да се следат“. Тој држел предавања на конференции како што се TEDx и Светскиот фестивал на архитектура, бил гостин-професор на престижни универзитети како што се Харвард, Универзитетот во Пенсилванија, SCI-Arc и Универзитетот Алто.

Според Османи, посветеноста на Мишел Ројкинд е гаранција за смела и одржлива трансформација на Чаир: „Поради докажаната историја во претворањето на амбициозните идеи во реалност, ангажирањето на Ројкинд ќе гарантира дека визијата на Чаир во утрешнината ќе биде смела, веродостојна и трансформативна“. – објави ТВ Шења.

Најчитани статии 

Ретка и брутална македонска анализа на геостратешката состојба во која се наоѓа ЕУ


https://expres.mk/makedonija/evropa-gi-zagubi-site-svoi-komparativni-prednosti-tvrdi-makedonski-analitichar/

Најнови вести од: Македонија

Германија и Франција бараат „Европа со две брзини“ – Г6 ќе ги води промените без консензус од сите

Германија и Франција се залагаат за забрзување на клучните политики на Европската Унија преку воведување на систем со две брзини, кој би им овозможил на водечките економии да напредуваат без потреба од консензус од сите 27 земји-членки, пишува The Washington Post.

Тетово добива модерна гимназија: Мицкоски, Касами и Јанева на свеченото отворање

Новата реконструирана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денеска официјално беше пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерката за образование и наука Весна Јанева.

To top