Свет

Мелони: Трамп нема намера насилно да ги анектира Грендланд и Панамскиот канал, туку ѝ праќа порака на Кина!

Претседателката на Владата на Италија Ѓорѓа Мелони изјави дека САД немаат намера „насилно да ги анектираат“ Гренланд и Панамскиот канал. Таа смета дека изјавите на Доналд се порака насочена кон Кина. Таа вели дека „исклучува оти САД насилно ќе припојат територии од нивни интерес во наредните години“, нагласувајќи дека Кина е многу заинтересирана за овие […]

Претседателката на Владата на Италија Ѓорѓа Мелони изјави дека САД немаат намера „насилно да ги анектираат“ Гренланд и Панамскиот канал. Таа смета дека изјавите на Доналд се порака насочена кон Кина. Таа вели дека „исклучува оти САД насилно ќе припојат територии од нивни интерес во наредните години“, нагласувајќи дека Кина е многу заинтересирана за овие две територии.

„Изјавите на Трамп првенствено претставуваат порака насочена кон другите големи сили. Зборуваме за две територии каде што влијанието на Кина расте во последните години“, рече Мелони. 

Трамп пред два дена одби да ја отфрли употребата на сила за анексија на Гренланд, автономна територија под данска власт, а исто така постојано повторуваше дека САД треба да ја вратат контролата врз Панамскиот канал, кој САД го изградија во 1914 година, освен ако цената на преминот за американските бродови е намален.
Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди од принудни поместувања на границите.

„Принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја – без разлика дали е на исток од нас или на запад“, рече Шолц. Германскиот канцелар, исто така, рече дека разговарал за ова прашање со европските партнери.

Доналд Трамп деновиве изјави дека Гренланд треба да стане дел од Соединетите Американски Држави.

Најнови вести од: Свет

Во Словенија во средно училиште ученик со нож избодел соученичка

„Меѓу учениците се зборува дека полицијата пронашла документи во училишниот тоалет, што би можеле да бидат поврзани со нападот. Се верува дека станува збор за некаков вид списоци.“ – објави „Соботаинфо“, не наведувајќи дали ученикот-напаѓач можеби имал намера да напаѓа со нож и други соученици, според тие списоци?!

Русите одговорија за нападот врз вилата на Путин: Употребија „Орешник“ во близина на границата со Полска(ВИДЕО)

Во ноќта помеѓу 8 и 9 јануари 2026 година, Русија изврши еден од најсериозните напади врз Украина од почетокот на годината, повторно користејќи ја балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ – првпат по повеќе од една година.

To top