Свет

Сенатори му брaнат на Трамп „да ја претера“ со Венецуела

Американскиот Сенат вчера гласаше за резолуцијата што би му забранила на претседателот Доналд Трамп да преземе понатамошни воени дејствија против Венецуела без експлицитно одобрение од Конгресот

 

Мерката беше усвоена со 52 гласови „против“ и 47 „против“, при што неколку републиканци им се придружија на сите демократи во редок знак на внатрепартиски притисок врз Белата куќа, објави Ројтерс.

Гласањето се случи по коментарите на Трамп дека американскиот надзор врз Венецуела може да трае „многу подолго“ – години, вклучително и преку контрола на приходите од нафта.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, претседателот рече дека земјата прво мора да биде „обновена“ пред да може да одржи избори и дека Соединетите Држави ќе го сторат тоа „на многу профитабилен начин“.

Трамп додаде дека Вашингтон „се сложува многу добро“ со владата на привремената претседателка Делси Родригез, долгогодишна лојалистка на соборениот Николас Мадуро.

Во меѓувреме, претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез, сопруг на потпретседателката, објави ослободување на значителен број странски и венецуелски затвореници, гест опишан како едностран чекор кон деескалација. Опозицијата и групите за човекови права бараат ослободување на политичките затвореници уште од апсењето на Мадуро.

Според локалната организација Форо Пенал, има 863.

Резолуцијата за воените овластувања има тежок пат да стане закон: таа мора да биде одобрена и од Претставничкиот дом контролиран од републиканците, а доколку Трамп стави вето, ќе биде потребно двотретинско мнозинство во двата дома.

Сепак, гласањето во Сенатот беше сметано за невообичаен сигнал за отпор кон Белата куќа од страна на некои републиканци. Претседателот остро реагираше на социјалните медиуми, обвинувајќи ги сенаторите кои ја поддржаа мерката дека ја поткопуваат способноста на САД да се бранат.

На економскиот фронт, Трамп ги потврди своите планови брзо да започне со продажба на венецуелска нафта на САД – првично помеѓу 30 милиони и 50 милиони барели – и најави состанок во Белата куќа со раководителите на водечките американски нафтени компании. Тој рече дека индустријата ќе инвестира најмалку 100 милијарди долари за обнова на нафтениот сектор на Венецуела.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top