Македонија

Мицевски: Луѓе на Заев се кандидатите за градоначалници што ги предлага Филипче

Кандидатите на СДСМ за градоначалници со амин од Филипче, се продолжена рака на Заев

Луѓето на Зоран Заев се кандидати на Венко Филипче, истата матрица само различни луѓе, рече денеска Јане Мицевски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите на СДСМ за градоначалници со амин од Филипче, се продолжена рака на Заев, додаде тој.

– Заев сè уште владее во СДСМ, а Филипче е само обична фигура која нема право на глас и прави сè како што Заев ќе му каже. Доказ за тоа е кандидирањето на Мартин Костовски во Куманово, кој важи за близок соработник и функционер на СДСМ со Заев. Човекот кој беше директор на Службен весник, пратеник во Собранието, а сега и организационен секретар на СДСМ, сè е тоа благодарение на тоа што му е послушник на Заев. Како ќе каже Заев, така Костовски прави – рече Мицевски.

Филипче во целата приказна е само претседател на хартија, кој предлог кандидатите за градоначалници мора да ги испорача во знак на благодарност кон Заев, додаде тој.

– Затоа и овие кандидати се луѓе кои се синоним за неспособност и пораз во првиот круг на локалните избори – рече Мицевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

To top