Македонија Спорт

Мицкоски: 720 милиони денари за 36 спортски објекти

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти. Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во […]

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти.

Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во општините. Севкупно од првиот и вториот беа околу 35- 36 објекти, а вкупната инвестициска вредност надминуваше 720 милиони денари. И ќе продолжиме во таа насока, рече тој и додаде:

Се завршуваат оние проекти кои што во минатото беа отпочнати па заборавени, како што беа базените итн. Така што се што било започнато, завршуваме, но и онаму каде што ќе констатираме дека е потребно да се интервенира ќе биде исто така завршено.

Најнови вести од: Македонија Спорт

(Фото): Скопје на петто место по загаденост во светот

Со над дваесет пати гоголеми вредности на најштетните ПМ честички според просекот на СЗО и оценка дека воздухот не е здрав за вдишување, Скопје сега е трет град во светот по параметрите на загаденост, покажуваат податоците од платформата IQAir.

Наскоро нов булевар во Скопје – активно се работи на клучката кај Момин Поток

Активно се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата, напиша градоначалникот на Скпоје, велејќи дека се отстрануваат објектите коиу се наоѓаат на трасата.

Дали лекарска грешка довела до смрт на бебето на Клиниката за гинекологија и акушерство?

Министерот за здравство наложи инспекциски надзор на државната клиника за гинекологија за починато бебе кој треба да утврди дали имало лекарска грешка. Од клиниката уверуваат дека се преземени сите мерки и постапки за објективна истрага и најавуваат мерки доколку се утрдат пропусти. Скопското обвинителствцо оформи предмет.

Неправилностите во Лотарија се од поранешното раководство, реагира Државна лотарија по ревизорскиот извештај

Акционерското друштво за приредување игри на среќа – Државна лотарија на Македонија најостро реагира на дел од медиумските написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Друштвото за 2024 година, без притоа, како што наведуваат, да се направи јасна разлика помеѓу периодот на управување на поранешното и на актуелното раководство.

To top