Македонија

Мицкоски: Ахмети си го зголеми семејното богатство со еден трговски центар

На лидерот на ДУИ не му е до Албанците, тој само се заканува и игра само на етничка карта

 

„ Што се однесува до Ахмети, тажна е сликата како се присеќа и дели некакви историски лекции, додека неговиот народ се иселува поради неговото криминално владеење. Човекот води кампања за локални избори, а не пропушта да спомне историска лекцији“ изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан мицкоски на синоќешниот митинг.

„Додека беше во владата не заборави своето семејно портфолио да го зголеми со еден убав трговски центар во центарот на главниот град, неговите соработници да купуваат скапи деловни простории.

Но, затоа не кажува ни еден збор што ќе направи да ги задржи Албанците во своите родни места, но него не му е до Албанците, тој само се заканува и игра само на етничка карта.

Сакам да му порачам дека овие лекции се научени и се минато, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, а младите што се селеа поради таквите како него да се вратат во државава, заклучи Мицкоски“, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top