Македонија

Мицкоски: Кампањата на СДСМ покажува тие се борат за заштита на корупцијата, за Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Бектеши

,Досегашната кампања недвосмислено покажува дека нашите противници се борат за своите кариери, а ние се бориме да изградиме и направиме повеќе за секој еден човек, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Кисела вода, кој е во рамки на изборната кампања, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!”, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Мицкоски зборуваше за опозициската СДСМ, чиј лидер немо повторува зборови, а и водат црна кампања во предизборниот период.

  • ,,Досегашната кампања недвосмислено покажува дека нашите противници се борат за своите кариери, а ние се бориме да изградиме и направиме повеќе за секој еден човек”, вели Мицкоски.

  • ,,Нивната главна кампања се темели на слоганот: „Се бориме за нашиот дом.” И нема ништо изненадувачки во тоа. Потсвеста им работи дури и во слоганите  не можат да ја сокријат својата природа. Токму така се борат за нивниот дом. Но за кој дом? За оние хациенди на Халкидики, во Дубаи, или пак можеби оние скапи јахти кои што ги гледавме како гордо ги возат  на егејското крајбрежје. Да не мислите дека ќе се борат за вашиот дом, домот на граѓаните? Не, тоа од СДСМ ни под разно нема да го слушнеме“, рече Мицкоски и додаде:

,,Тие се борат за нивниот дом, за удобностите во кои уживаат со децении, да си ги задржат. Се борат за заштита на корупцијата, за заштита на мафијашите, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши. Се борат за да се врати времето на дилови, тендери, бизниси и дивеење. Најдобро ќе беше да кажат: „Се бориме за нашиот живот.” Пошто, нели, живот ветуваа, живот за сите, сега ги слушам среќа за сите ветуваат“.

,,Останаа нереформирани и ги збија редовите со корумпирани кадри, мислејќи дека така уште еднаш ќе го измамат народот. Тешко на СДСМ што нивната главна кампања ја води нивниот гуру во сенка, а  Венко само немо ги повторува речениците, тезите и фразите кои што неговиот гуру му ги ставил на маса. Додека ние на избори пред вас излегуваме со понуда, нивната понуда се напади и клевети, црна кампања, сечени и монтирани видео клипови. Тоа е денешното СДСМ. И така тие мислат дека ќе го привлечат вниманието, а не знаат дека на тој начин само одбиваат луѓе од себе”, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top