Македонија

Мицкоски: Нема предвремени избори иако тоа на ВМРО-ДПМНЕ му одговара

При толку наследени проблеми не е време да потрошиме пола година живот на нашите граѓани за подготовка на предвремени параментарни избори

Премиерот Христијан Мицкоски ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентарни избори оваа година иако рече дека тоа би ѝ одговарало на владејачката партија.

„Цело време зборувам колку лоши работи ги наследивме и колку работи треба да се направат и колку реформи треба да се направат да биде подобро.

И сега да кажам дека се подготвуваме за парламентарни избори и да потрошиме пола година живот на нашите граѓани“, изјави Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ21

Претходно во емисијата, за средбата со Али Ахмети и за тоа дека дал ветување дека ќе има предвремени избори, па потоа се повлекол, кажа дека не би се повлекол затоа што на ВМРО-ДПМНЕ му одговара да има предвремени избори.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top