Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни па и ДУИ да ги освои Чаир, Тетово…

Слушнал дека од ДУИ ќе се обидат да издејствуваат парламентарни избори иако нема околности тие да се случат

Не постојат околности во државава за да се случат предвремени парламентарни избори, дури и доколку Демократската унија за интеграции победи во клучните општини.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер вели дека слушнал за плановите на ДУИ да се обидат да издејствуваат парламентарни избори иако, како што рече, нема околности тие да се случат.

Едната варијанта е дека ќе изгубат во градоначалничката трка во Чаир, Тетово и во други општини и во таков случај би излегле на протести со членството обвинувајќи дека изборите им биле украдени и ќе прават немири со кои би издејствувале предвремени избори.

И втората е дека ДУИ ќе победи на советничките листи, што би била уште една причина да се оди на избори.

„И ние во 2021 година имавме и на советнички листи и на градоначалнички листи двојно, тројно повеќе од СДСМ, па три години бевме опозиција“,рече Христијан Мицкоски во синоќешното интервју за „360 степени“.

На прашање дека тогаш зборувале дека власта го изгубила легитимитетот и дека треба да се оди на предвремени избори Мицкоски одговори:

„Ама и тие нека си зборуваат. Никој не вика да не си зборуваат. Никој не ги спречува, демократска држава сме, секој може да си кажува свое мислење. Ние чекавме да дојдат избори. Не велевме ние дека ни ја украдоа победата. Тогаш си играа фудбалчиња, си купуваа трговски центри, си купуваа дуќанчиња, си купуваа акции во банки, па потоа ги препродаваа и така натаму“, рече Мицкоски.

На прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ зборува за потребата од реформа и за криминал кај ДУИ, а не и за, на пример, проблематичните легализации на десетици згради во Општина Чаир направени во времето кога градоначалници беа Изет Меџити и Висар Ганиу, Мицкоски одговори дека тоа се случувало во времето кога ДУИ имала мнозинство во советот и кога ДУИ била коалициски партнер.

Рече дека не одрекува оти Изет Меџити одреден период бил градоначалник, но дека во земјава постојат институции што треба да го истражат тоа и дека предметот се наоѓа во Обвинителството.

„ Не сум рекол дека не ги гледам, да речеме, одредени отстапувања и девијантни однесувања во минатото и ги апстрахирам. Напротив, јас само сакам да потенцирам тоа што е факт. Што се случуваше на централно ниво и како се случуваше. Инаку, си има таму обвинители, судии, нека си истражат, ако утврдат одговорност, веднаш да си постапат. За сите, за секој. Ако има одговорност или основен сомнеж дека сум сторил нешто, веднаш, уште утре да постапат и за мене“, рече Мицкоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

Најнови вести

To top