Македонија

Мицкоски очекува да се усвои програмата за работа на ЕСС

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната седница на Економско-социјалниот совет, кој заседава по подолго време, порача дека може да се донесат добри решенија ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики. Разликите помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на Советот, според него, се дополнителна […]

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната седница на Економско-социјалниот совет, кој заседава по подолго време, порача дека може да се донесат добри решенија ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики. Разликите помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на Советот, според него, се дополнителна причина дијалогот да биде поискрен и поотворен.

Мицкоски рече дека очекува да се усвои програмата за работа на ЕСС за годинава истакнувајќи дека тоа ќе биде потврда дека овој Совет не е формалност, туку жив механизам за вистински социјален дијалог и за носење одлуки коишто се во интерес на граѓаните.

– Оваа Влада има јасна слика за реалната состојба во која живеат граѓаните, свесни сме за тешкиот живот дека предизвиците се реални и дека стандардот не може да се подобри преку преку ноќ. Знаеме дека ако сите тука веруваме дека интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики тогаш сигурен сум дека можеме и ќе донесеме добри решенија. Точно е дека постојат разлики помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на овој совет,  но тоа не е причина да нема дијалог, напротив тоа е дополнителна причина тој дијалог да биде поискрен и поотворен. Ако на сите овде ни е подеднакво важен интересот на граѓаните тогаш знам дека решенијата ќе бидат добри. Кога постои волја тогаш постои и пат, а волјата тука денес ја има и од наша страна и од страна на социјалните партнери, рече Мицкоски, во обраќање пред утврдувањето на дневниот ред на седницата на ЕСС.

Во мај нето и бруто платите пораснаа за 11 проценти, во образованието, здравството, администрацијата и полицијата веќе има повисоки пати. БДП на реална основа во првиот квартал веќе порасна за 3,2 проценти  со што  остваривме четврти најголем раст на БДП. Индустриското производство во мај порасна за 9,4 проценти споредено со истиот месец лани, а во вториот квартал првпат после не знам колку години очекуваме да имаме раст.

– Tоа не е случајност, тоа е резултат на системски чекори и економски политики базирана на фискална дисциплина и поддршка на реалниот сектор. Ако сакаме економија што произведува тогаш мора да имаме држава што поддржува во рамките на своите можности, посочи Мицкоски.

Како што дополни, за поддршка на компаниите годинава се обезбедени 250 милиони евра, а уште 250 милиони евра се насочени кон општините за реалзиација на капитални проекти.  Наведе и дека јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени во однос на БДП и оти се очекуваме буџетскиот дефицит да биде околу 4 проценти, а како што рече, зошто да не и под 4 процент од БДП оваа година.

– Целосно е отплатена еврообврзницата во износ од милијарда евра и не се издаде нова за да се врати оваа. Кога државата ја почитува својата обврска има право да бара почит и од другите. Тоа е двонасочна улица. Усвоена е и фискалната стратегија која е насочена кон подобрување на макроекономската стабилност,  ја зацврстува основата за стабилен раст во наредните пет години, истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

Тошковски: Стојанче Јовановски, сопругот на починатата, која се фрли со ќерката од зградата, имал обемно криминално досие

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Сиљановска Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западниот Балкан

„Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион, нагласија на заедничката прес-конференција претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на македонската држава.

„Самсунг“(„Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

Надоврзувајќи се на моментумот од Galaxy Unpacked настанот, „Самсунг“ („Samsung“) ја претставува серијата Galaxy S26 и својата визија за агентска вештачка интелигенција, со подлабоки еко-системски искуства низ Galaxy S серијата и уредите за носење

Тошковски: Пред падот од балкон интервенирала полиција, но жртвата негирала дека била тепана(ВИДЕО)

Трагедијата во скопската населба Карпош, каде животот го загубија жена и нејзиното малолетно дете по пад од балкон на висококатница, предизвика голем шок во јавноста. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска даде детали за случајот и за постапките на полицијата.

To top