Македонија

Мицкоски: Правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс“

Да се ублажи болката која што е неизмерна, неограничена, голема

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој најави вакво соочување многу брзо по почетокот на судењето.

– Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците.
Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд. Така што таму ќе може сите и граѓаните и јавноста и вие медиумите што се се случувало, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи барањето на роднините на загинатите во пожарот.

Тој одговарајќи и на прашање за барање за еднократна парична поддршка за семејствата на загинатите, по примерот на оние кои починаа во пожарот во модуларната болница во Тетово за време на Ковид пандемијата, истакна дека како Влада правеле и ќе прават се да им помогнат.

– Ги слушнав двете барања. Апсолутно немам никаква дилема дека ние како Влада правевме, правиме и ќе правиме се што е потребно за да се помогне во тој случај, да се ублажи болката која што е неизмерна, неограничена, голема, рече Мицкоски по поставувањето на камен темелник за изградба на детска градинка.

Најнови вести од: Македонија

Четири нови услуги од ФЗОМ достапни на интернет

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа

Деспотовски со закана до раководството на СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

To top