Македонија

Мицкоски: Секој добронамерен и конструктивен предлог, за решавање на проблемот со Бугарија – е добредојден

Оваа Влада прави се за да ги исправи грешките на СДСМ и ДУИ, не се откажуваме до Европската Унија, но ниту од македонскиот идентитет. Патот кон Брисел не смее да биде уценуван од Софија. Премиерот Христијан Мицкоски вели Македонија е отворен за сите идеи кои би го откочиле процесот, но додава и дека засега нема […]

Оваа Влада прави се за да ги исправи грешките на СДСМ и ДУИ, не се откажуваме до Европската Унија, но ниту од македонскиот идентитет. Патот кон Брисел не смее да биде уценуван од Софија. Премиерот Христијан Мицкоски вели Македонија е отворен за сите идеи кои би го откочиле процесот, но додава и дека засега нема конкретен предлог со кој историско – идентитетските прашања би се тргнале од преговарачката рамка.

„За сега нема таква дебата…. Ние имаме јасен став околу евроинтеграциите…. Свесни сме за реалноста и за предавничката и губитничка политика на СДСМ и ДУИ. Она што може да се исправи, ќе го исправиме. Се бориме да го добиеме тоа што ни е заслужено – почеток на преговори и членство во ЕУ”, рече Мицкоски.

Ова доаѓа откако заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски откри дека европските центри вршеле притисок врз Софија да гарантира дека нема да поставува билатерални условувања. Германија, според него, ја презела обврската да предложи механизам кој би го одблокирал процесот.

Едно од можните решенија, спроед него, е доколку за време на преговорите се отвори билатерално прашање од овој тип, тоа да се упати на арбитражно тело кое би одлучило дали станува евентуалната блокада е дел од копенхашките критериуми или не.

Секој предлог што е конструктивен во таа насока, а притоа да не се загрозат нашите идентитетски и суштински карактеристики…… подготвени сме да го разгледаме и да разговараме за него… изјави премиерот Мицкоски.

Инаку, ставот на Владата е конслоиндан и јасен – надлежните се подготвени да ги преземат обврските од Преговарачката рамка и се она што се однесува на спроведување на реформи, домашни задачи, исполнување на Копенхашките критериуми. Сепак, што се однесува до уставните измени, тие може да бидат единствено со одложено дејство.

Најнови вести од: Македонија

Најбараното патување со воз во Туркије: Од Анкара до Карс – комфор, историја и впечатливи снежни глетки

Расте интересот за познатиот туристички воз на Туркије, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи.

To top