Македонија

Мицкоски: Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта

Празникотј нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж

Државниот врв денеска сподели честитки по повод најголемиот христијански празник, Велигден.

„Драги пријатели, во овие светли денови на Христовото Воскресение – Велигден, дозволете ми од срце да ви упатам искрени честитки за здравје, мир и благосостојба во секој дом“, ,порача премиерот Христијан Мицкоски утрово упати честитки до граѓаните за Велигден.

„Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж.

Свесен сум дека постојат неизвесности и предизвици, но нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни политики, да ја зајакнеме економијата, да го заштитиме животниот стандард и да создадеме сигурна иднина за сите.

Во духот на овој голем празник, сакам да испратам порака на единство. Само заедно, со меѓусебна почит и разбирање, можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна. Држава во која трудот се вреднува, а иднината се гради врз темели на доверба и одговорност.

Нека празничните денови ви донесат спокој, топлина и сила да продолжиме напред, посилни, пообединети и со јасна визија за иднината.

Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!, објави премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top