Македонија

Мицкоски со честитка за 9 Мај: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил го честиташе 9-Мај – Денот на Европа. Тој порача дека денес се слават мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит […]

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил го честиташе 9-Мај – Денот на Европа. Тој порача дека денес се слават мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи.

Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите. За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото, објави Премиерот.

Но воедно, напиша Мицкоски, да не заборавиме на огромната жртва која како народ ја дадовме во борбата против фашизмот.

Победата над фашизмот беше резултат и на блескавата саможртва на илјадници македонски партизани кои во своите животи ги положија за денешната слобода и беа наследници на илинденскиот пламен за Македонија. Методија Андонов Ченто, Петре Пирузе Мајски, Михајло Апостолски, Павел Шатев, Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош, Ибе Паликуќа, Елпида Караманди, Кузман Јосифовски – Питу и плејада други големи имиња се вградија во денешната наша државност.

Пред нивното дело се поклонуваме со огромна почит и внимание. Затоа победата над фашимот е и наше право, а почитта кон тоа е наш долг. Честит 9 мај, објави премиерот Мицкоски на фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Владата одобри: Итната медицинска помош добива посебен центар

Од Министерството за здравство информираат дека во првата фаза е предвидено издвојување на Итната медицинска помош – Скопје како самостојна институција, по што постепено ќе следува интегрирање на другите служби во рамките на идниот центар.

Димитров: Македонија да прифати дека Охридската архиепископија е бугарска

Спротивно на македонската наука која потенцира дека Охридската архиепископија е автохтона словенска црква која израснала од делото на Свети Климент Охридски, со доминантно македонско население, и дека таа го претставува историското јадро врз кое легитимно е возобновена современата Македонска православна црква – Охридска архиепископија

Нино Васев и Нехат Нухи излегуваат од притвор со гаранција од над половина милион евра

„На обвинетиот Н.В. му е определена гаранција во износ од 183.981 евра која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Н.Н. му е определена гаранција во износ од 348.049 евра, исто така со ставање под хипотека на недвижен имот“ соопштија од Кривичниот суд

To top