Македонија

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

-Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете, напиша денеска на својот Фејзбук профил, претседателот на владата Христијан Мицкоски. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против премиерот Христијан Мицкоски. Судот ѝ наложи не […]

-Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете, напиша денеска на својот Фејзбук профил, претседателот на владата Христијан Мицкоски.

Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против премиерот Христијан Мицкоски. Судот ѝ наложи не само да се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите, затоа што вистината мора да излезе на виделина.

– Очигледно, лажењето како синдром на политичката култура и однесувањето на функционерите на СДСМ не престанува да биде нивен заштитен знак. Со оваа пресуда се потврдува не само дека лажат, туку и дека не се промениле. Продолжуваат да го потценуваат народот, верувајќи дека со клевети и манипулации ќе фрлат дамка врз мојата работа, и дека народот ќе се разочара. Но нашиот народ е мудар. Има искуство со политичари како овие од СДСМ, чии кариери се изградени врз измами, несовесност и недостиг на одговорност, додава Мицкоски.

– Ова не е моја лична битка, ова е битка за принципи, за вистината, за достоинството на секој поединец кој не дозволува неказнето да му се лепат лаги. Продолжуваме посветено, чесно и со крената глава. Лагите ќе паднат. Вистината победува, завршува Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик

По повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, претседателката Сиљановска-Давкова упати свечена честитка до припадниците на турската заедница и до наставниците кои ја реализираат наставата на турски јазик во земјава.

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

To top