Македонија

Мицкоски во Русиново на 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес присуствуваше на одбележувањето на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на планината Петлец, во близина на Русиново.

Со полагање цвеќе и пригодна комеморација денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија.

Во рамки на настанот, на селските гробишта беше одржана панихида. Потоа Мицкоски и останатите присутни положија цвеќе пред спомен-обележјето на револуционерот.

 

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

To top