Македонија

Мицкоски: Водици носи силна порака за верата… да се оди по вистинскиот пат

Во овие моменти луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Водици носи силна порака за верата, храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок.

Богојавление, додава премиерот во честитката, е празник на откровението, прочистувањето и обновата – ден кога водата, како извор на живот, е потсетник на потребата од духовна и морална чистота. Денешниот ден, како што вели, е потсетник и за важноста на заедништвото.

„Во овие моменти луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно. Посебно место имаат младите. Нивната смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, со воспитување и со почит кон традицијата. Наша заедничка обврска е да создадеме средина во која ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството. Да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро“, напиша премиерот во честитката.

 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top