Македонија

Мицкоски: За мене Македонија е свето име, не сум човек што сака цензурирање или закани

Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и  оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли.

-Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“.

Мицкоски најави дека Предлог законот за правична застапеност а кој има мислење од Венецијанската комисија  би требало да се најде во Парламентот многу скоро.

-Имаме седница на Влада во вторник. Помина на Влада пред да се испрати во Венецијанската комисија, ако треба повторно ќе помине  и ќе го испратиме во Собранието, рече Мицкоски. 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top