Македонија

Мицкоски за неговиот син: Антониј примаше инфузии по труењето, но денеска веќе се чувствува многу подобро

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно ги демантираше информациите дека неговиот син Антониј бил во потешка здравствена состојба од останатите ученици по масовното труење во основното училиште Димо Хаџи Димов.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно ги демантираше информациите дека неговиот син Антониј бил во потешка здравствена состојба од останатите ученици по масовното труење во основното училиште Димо Хаџи Димов.

„Антониј беше дел од групата деца на кои им се случи ова немил настан. Некои медиуми пренесоа дека е во тешка состојба и дека бил хоспитализиран. Сакам јасно да демантирам – тој беше во иста состојба како и сите други дечиња. За жал, имаше и такви што правеа непотребна драма, а тоа не е вистина“, изјави Мицкоски.

Тој потврди дека и неговиот син бил жртва на труењето, дека три дена примал инфузија и не одел на училиште, но состојбата никогаш не била загрижувачка.

„Антониј е храбро, пргаво и динамично момче, сака да се дружи. Претпоставувам дека во жарот на дружењето и за време на ручекот во целодневната настава конзумирале иста храна како и останатите“, додаде премиерот.

Мицкоски нагласи дека ги остава надлежните институции мирно да ја завршат работата.

„Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје ги вршат сите неопходни испитувања. Да почекаме да ги соопштат наодите и да не брзаме со судови“, рече тој.

На крајот додаде дека неговиот син денеска веќе се чувствува многу подобро и изрази надеж дека од понеделник, заедно со другарчињата, ќе се врати на редовна настава и на нормално функционирање.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top