Македонија

Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има – некогаш

Лидерот на ДУИ посакува средба со премиерот

На прашање за најавената средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ рече дека некогаш ќе има средба.

Изјавата Христијан Мицкоски ја даде денеска на средба со новинарите каде главна тема беше за блокадата на транспортерите, претставувањето на земјата во ДАВОС, но како прашање беше поставено можната средба средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Мицкоски рече дека очекува да се постигне решение со ЕУ во врска со блокадата на граничните премини од страна на транспортерите на стоки, поради новите Шенген правила.

„Од септември ова прашање е на дневен ред. Очекувам да се постигне авторитативен избор од страна на ЕУ. Синоќа ја повикав претседателката на ЕК, но таа патуваше во Индија и очекувам дека повторно ќе комуницираме во наредните денови.

Мицкоски,го оцени како успешен Економскиот форум во Давос, го нарече успешен, каде што учествуваше во три дискусии.

Тој рече дека средбите во ДАВОС треба да се искористат за привлекување странски инвестиции во земјата.

 

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top