Македонија

Милошоски: Потребна е искрена и остварлива европска понуда за проширувањето

Во Скопје се одржа панел-дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“, организирана од Вилфред Мартенс центарот и Фондацијата Конрад Аденауер, по повод Денот на Европа 2026 година. На конференцијата со наслов „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“ поздравно обраќање имаше политичкиот врв.

По повод Денот на Европа 2026 година, во панелот учествуваше и потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, како и амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дракслер. Во своето обраќање, Милошоски се осврна на процесот на европската интеграција на земјата и пошироката дебата за проширувањето на Европската Унија. Тој се повика и на претходни политички пораки и ставови поврзани со европската перспектива на државата и последователните блокади во процесот.

Милошоски истакна дека во рамки на ЕУ постојат различни пристапи кон проширувањето – од поддршка на сегашниот модел, до концепти за подлабока интеграција со помал број членки, како и пристапи кои проширувањето го врзуваат со пошироки геополитички околности.

Тој нагласи дека Европската комисија не е единствениот носител на одлуките и дека земјите аспиранти имаат потреба од јасна и предвидлива европска перспектива.

  • „Нас ни треба искреност од страна на Европа, а не движечка мета во контекст на процесот на проширување“, порача Милошоски.

Во дел од своето излагање, тој посочи и дека темата за проширувањето е сè помалку присутна во политичките дебати во одредени земји членки.

Во однос на билатералните односи со Бугарија, Милошоски се осврна на долг период без размена на високи парламентарни посети меѓу двете земји, нагласувајќи дека постојат разлики меѓу политичката реалност и духот на договорената соработка. На крајот од дискусијата, тој порача дека земјите од Западен Балкан имаат потреба од конкретни придобивки и практични европски интегративни проекти, посочувајќи иницијативи како СЕПА и „роаминг како дома“ како примери за реална интеграција.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top