Македонија

Министерот Дурмиши: Казните за трговци ќе се зголемат 10 пати, размислуваме и за добавувачи

Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, најавува министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, најавува министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Во интервју за МИА, Дурмиши открива дека се размислува, освен за трговците, глоби да има и за добавувачите.

Веќе се подготвуваат законските измени, а пред да бидат дефинирани и донесени, ќе се одржат средби со сите засегнати страни – дистрибутерите, трговците и производителите.

Според министерот, иако Законот за нефер трговски практики е во сила повеќе од една година, примената не е целосна.

Дел од трговците формално ги усогласиле договорите, но и понатаму се утврдуваат недозволени трговски практики.

-Цениме дека казните за ваквите однесувања на трговците не се големи, туку се мали. Затоа, ќе имаме измени на Законот во наредниот период – ќе се зголемат казните 10 пати за сите трговци што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики. Ние посветено работиме да обезбедиме животен стандард за граѓаните, не може повеќе трговците да профитираат на грбот на граѓаните. Се размислува во казнената политика да се воведат казни и за добавувачите зашто тие досега не беа опфатени, а се случува, наместо да ги пријавуваат трговците што им прават притисок, на некој начин да се договараат со нив за да го зголемат рабатот, истакнува Дурмиши.

Најнови вести од: Македонија

Формиран кризен штаб во МНР: Подготвителни активности за евакуација

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) вчера формира кризен штаб кој работи 24 часа на располагање, поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток по заедничките американско-израелски напади врз Иран.

To top