Македонија

Министерот Муцунски на Бледскиот стратешки форум

На маргините на настанот, предвидено е министерот да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.

Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи.

Покрај учеството во официјалната програма, министерот Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.

На маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот.

МИА

Најнови вести од: Македонија

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

Иако локализиран, постои опаснот пожарот на Пелистер пак да пламне

За време на повеќечасовната борба во текот на изминатата ноќ со огнената стихија биле повредени двајца припадници на единиците што учествувале во гаснењето. Според информациите од терен, нивната здравствена состојба е стабилна.

To top